Протести се одржаа пред руската амбасада во Софија и пред рускиот генерален конзулат во Варна – Украинци, Бугари и Руси се изјаснија против војната во Украина и за санкции против руската страна.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, улицата пред руската амбасада била блокирана од луѓе.
Тие инсистираа овие акции на Русија да се нарекуваат со нивните вистински имиња.