Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека „не е мислење туку факт дека Албанија денес има позитивен биланс во борбата против криминалот“.
На пленарна седница на законодавниот дом во Тирана, Рама рече дека „борбата против криминалот не се мери со приказни и полувистини, кои се најголемите лаги што им се кажуваат на Албанците секојдневно, туку со статистика, со факти, со бројки“.
-Секако, она што го нарекувате зголемување на убиства, на братоубиства, е бајка без крал, затоа што не постои демократска земја која убиствата ги свела на нула, нема, не постои. Нема ниту една демократска земја, па и најразвиените, најсофистицираните, кои борбата против криминалот ја претворија во дело, каде се елиминирани убиствата, ниту трговијата со луѓе, ниту криминалците или корумпираните полицајци, рече Рама.
Обраќајќи и се на опозицијата, додаде дека во периодот од кога на власт се социјалистите, односно во изминатите седум години, „спроведена е војна против криминалот како никогаш порано“ а и полицијата се „чисти“ од нејзините вработени поврзани со криминалот.
-Верувам дека фактот што за време на нашата влада има значителен број полицајци кои се уапсени или кривично гонети, или протерани од полицијата или суспендирани, не
покажува соработка со криминал, не покажува факт како оној што го опишувате. Тоа го покажува спротивното, тоа ја покажува волја и посветеноста да се бориме – рече Рама.
Тој им порача на пратениците од опозицијата дека „треба да го прочитаат извештајот за напредокот, дека Европската унија, Европската комисија се неспорни монитори на сите процеси во сите области и ако видите што велат извештаите за напредокот во борба против криминалот во Албанија ќе ја видите големата разлика помеѓу денес и вчера“.
На седницата, на која по барање на опозициските пратеници одговори околу „галопирачкиот налет на криминалот“, за што обвинуваат тие, даваше првиот полицаец Сандер Лешај, изнесе идентична оценка како и Рама „ дека криминалот од секаков вид рапидно е намален“.