четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Рекорден број на заразени со коронавирус во Словенија

Рекорден број на заразени со коронавирус во Словенија

Во Словенија, и покрај полицискиот час и новите ограничувачки мерки, денеска е забележан рекорден број на заразени лица – 1.503, според официјалните податоци на Министерството за здравство.

Во последните 24 часа биле тестирани 5.891 лице.

„И покрај сите мерки, вирусот сè уште се шири брзо во Словенија и овие бројки се нов рекорд“, наведуваат словенечките медиуми.

Сега бројот на активни случаи во Словенија се зголеми на 8.860.

„Словенија сега има 423 пациенти на 100.000 жители“, пренесува „Јутарњи лист“.

Полицискиот час што беше воведен во понеделникот, првпат по независноста на Словенија.