вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Словенечките епидемиолози предупредуваат дека поради отворањето на границите имаат новозаразени со коронавирусот

Словенечките епидемиолози предупредуваат дека поради отворањето на границите имаат новозаразени со коронавирусот

Во Словенија регистрирани четири нови случаи на лица заразени со коронавирусот, а епидемиолозите предупредуваат дека тоа е директна последица од отворањето на границите, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Денешните податоци на Националниот институтот за јавно здравје во земјата има четири новозаразени лица, што е повеќе за еден во споредба со вчерашниот ден.

Шефицата на Советот Ковид-19 при Министерството за здравство Бојана Беовиќ предупреди дека повторниот пораст на инфекциите со коронавирусот е поради начинот на кој се отворија граничните премини.

– Заострените мерки на границите требаше уште да бидат во сила. Начинот на кој сега се отворија граничните премини е причина за ширењето на вирусот. Овие последни случаи можат да резултираат со повеќе десетици новозаразени со вирусот, изјави Беовиќ за Радио Словенија.

Во меѓувреме и премиерот Јанез Јанша предупреди дека Словенија многу лесно може да се соочи со нов втор бран на коронавирусот. Тој упати и порака до Словенците дека доколку не се придржуваат до строгите протоколи сигурно ќе има повторно воведување на рестриктивни мерки со цел зачувување на јавното здравје.