За евентуални ограничувања за влез на патниците од Хрватска во Словенија поради зголемениот број случаи на „увоз“ на коронавирус, Владата ќе донесе одлука в четврток, изјави портпаролот Јелко Кацин, за Словенечкото радио.
„Ќе почекаме до вторник да ги видиме резултатите од тестовите спроведени во понеделникот, и доколку до тогаш нема промена во начинот на работа на ноќните клубови и локалите во Хрватска, ќе мора да ограничиме увезени инфекции на некој начин“, рече Кацин, додавајќи дека во тој случај, Владата ќе донесе одлука за предлогот на епидемиолозите в четврток.
Управникот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, во четвртокот објави дека сите кафулиња и клубови можат да работат до полноќ.
Кацин додаде дека од 15 случаи на инфекција потврдени во Словенија со тестирање во саботата, најмалку осум биле пренесени од Хрватска и дека ноќните клубови се се уште најголем извор на случаи донесени во Словенија.