Косово денеска ја одбележува десетата годишнина од независноста, а граѓаните ќе прослават со повеќе манифестации и собири.
Прославата започна со спортски активности за деца, а продолжува со културно-уметничка програма.
Во националната библиотека предвидено е отворање на изложбата „Косово од историја до државност“, по што ќе биде прикажан филмот „Татко“.
Концерт на светски познатата пејачка со потекло од Косово Рита Ора е најавен за вечерва, а на нејзино барање, влезот ќе биде бесплатен.