вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Со Мерцедес се забил во автомобил во спротивниот правец: Загина трудница и нејзиното бебе

Со Мерцедес се забил во автомобил во спротивниот правец: Загина трудница и нејзиното бебе

43 годишен Хрват е уапсен во Србија откако со својот Мерцедес во близина на Ниш преминал во соседната лента и удрил во автомобил кој го управувала 33 годишна бремена жена која го загубила животот.

И покрај напорите на лекарите да го спасат нејзиното бебе, тоа утрово починало во болница по успешниот царски рез, пишува Блиц.

Полицијата го сомничи возачот на Мерцедесот дека излегувајќи од кривина влегол во спротивната насока и удрил директно во автомобилот кој го управувала сега починатата жена.

Заедно со кривична пријава бил предаден на надлежниот суд, каде ќе одговара кривично.