понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Спречен обид за илегален влез на мигранти од Турција во Бугарија

Спречен обид за илегален влез на мигранти од Турција во Бугарија

Турската полиција спречи обид на 37 мигранти за илегален премин на границата меѓу Турција и Бугарија, јави Анадолија.

Според полицијата, илегалните мигранти се откриени во реоните на Демирќој и Кофчаз во близина на турско-бугарската граница.

Во полициското соопштение не е наведена националноста на приведените мигранти.

По приведувањето мигрантите им биле предадени на службеници на канцеларијата на Дирекцијата за миграција во округот Киркларели.

(Миа)