Србија ги заостри ковид мерките поради високиот број на заразени со коронавирусот.
Досега ковид потврди се бараа само по 22 часот, сега тоа ќе важи од 20 часот. Работното време на угостителските објекти сега се скратува и тие ќе можат да работат до полноќ.
Овие мерки отсега ќе важат и за казината и обложувалниците.
На седницата на Кризниот штаб беше усвоен предлогот на Училишниот тим со кој се предвидува основците и средношколците од Србија да не одат на училиште од понеделник, 8 ноември до петок, 12 ноември, соопшти Министерството за образование.
„Од 8 до 12 ноември ќе трае продолжениот есенски распуст за учениците“ најави министерот по седницата.
Во Србија досега над 10.000 луѓе починаа од коронавирусот. Дневно има по 5.000 до 7.000 заразени со вирусот.