И денеска огромни редици пред институтот ,,Торлак“ во Белград за тест за Ковид 19.
Како што известува РТС, формирани се километарски колони.
,,Од вчера во 20 часот сум тука. Морав да фатам ред за да се тестирам“-вели еден средовечен маж.
Поради долгите редици и времетраењето на чекање, многумина зеле столици, чадори и сонцобрани. Пред институтот се наредени цели семејства, со деца.