Косовскиот претседател Хашим Тачи го оцени Самитот на ЕУ – Западен Балкан, што вчера се одржа во Софија, како историски, затоа што тоа, според него, било прв пат Косово да учествува на еден таков собир како држава еднаква со сите други од регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.
– Успеавме брзо да го фатиме чекорот, да ја развиеме демократијата и да фатиме чекор со другите земји, изјави денеска Тачи на прес-конференција во Приштина.
Оценувајќи ја како достоинствена презентацијата на Косово на овој Самит, косовскиот претседател рече дека најзначајна во заедничката декларација произлезена од собирот во бугарскот главен град е втората точка, во која се потврдува поддршката на ЕУ за Западен Балкан.
Тачи рече дека кон средината на јуни очекува Косово да добие препорака од ЕУ за либерализација на визниот режим.
(Миа)