понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Тешки зборови на мајката на убиениот навивач на АЕК, за првпат се огласи и таткото на Михалис

Тешки зборови на мајката на убиениот навивач на АЕК, за првпат се огласи и таткото на Михалис

Дваесет и девет годишниот Михалис го загуби жиботот во хаосот што се случи меѓу навивачите на Динамо Загреб и АЕК во Атина.

Во моментот кога слушнала дека нејзиниот син е убиен, мајката на Михалис доживеала инфаркт и моментално се наоѓа во болницата „Црвен крст“ во атинската населба Нова Филаделфија.

Сега за првпат се огласи и таткото на починатиот млад човек. Тој во изјава за грчките медиуми рече дека единствена желба му е да го пронајде убиецот.

-Сега се грижам да го најдам убиецот на моето дете. За жал, моето дете е изгубено и се плашам дека ќе се изгубат и други. Сакам да го испратам достојно моето дете, а потоа да разговарав, изјавил таткото на Михалис Качурис.

Мајката на Михалис, проговорила преку својата сестра која ја открила нејзината состојба

-Таа е на лекови, продолжува со лекувањето, но ќе оди на погреб. Таа сака да се збогува со Михалис. Кога ја посетив, таа ме држеше цело време и рече дека никогаш нема да го види или гушне својот син, откри таа.

Родителите на трагично загинатиот 29-годишник добија голема поддршка од родителите на Алкис Кампанос. Алкис беше фан на Арис, кој беше нападнат и убиен од 12 навивачи на ПАОК поради неговата навивачка припадност. Седуммина добија доживотна казна за убиство од небрежност, додека пет беа осудени на по 20 години затвор.