Новороденче старо три недели почина по комликации предизвикани од ковид-19, потврди директорката на Клиниката за неонатологија при УКЦК во Приштина, Хајрие Исмаилји.
Таа за „Коха“ изјави дека бебето било во сериозна здравствена состојба уште од денот на хоспитализација и било ставено на механичка вентилација.
Според Исмаилји, бебето не е родено со коронавирус, туку, врз основа на анамнезата, било утврдено дека целото семејство е заразено со ковид-19. Станува збор за фамилија од гратчето Липљан, во близина на Приштина.
Бројот на смртни случаи од ковид-19 во Косово нагло се зголеми во последните недели, а 101 лице почина од коронавирус од почетокот на септември, вклучувајќи бремени жени и лица помлади од 40 години.