сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Трагедија во Србија: Загинаа брачен пар и 9 годишно девојче, лекарите се борат за животот на 11 годишната сестра

Трагедија во Србија: Загинаа брачен пар и 9 годишно девојче, лекарите се борат за животот на 11 годишната сестра

Брачен пар и деветгодишно девојче загинаа во сообраќајна несреќа која утринава се случила кај Ужице. Малолетничка (11) која исто така била во автомобилот е во критична состојба.

Српските медиуми јавуваат дека во несреќата загинале Драгослав С.(65) и Зорица С.(66) од Белград, а двете малолетнички кои биле нивни сопатници со тешки повреди биле пренесени во болницата во Ужице, каде помалата за жал починала.

Лекарите се борат за животот на 11 годишното девојче. Станува збор за баба и дедо кои патувале со двете внуки.

Според првичните информации, до несреќата дошло кога Драгослав С. излегол од колоната од правец на Златибор и преминал на спротивната страна, а автомобилот марка Шевролет влетал директно под цистерната која се движела од правец на Пожега.