Температурата во некои градови во Црна Гора наредните денови ќе биде повисока од 44 степени Целзиусови, објавено е на веб-страницата на црногорскиот Институт за хидрометеорологија и сеизмологија.
Најтопло ќе биде во Даниловград каде максималната температура за утре се прогнозира на 44,4 степени. И наредните денови, в сабота, недела и понеделник, тој град го очекуваат „пеколни“ горештини бидејќи се очекува температурата да достигне 43,8 степени.
Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија соопшти дека максималната температура во Подгорица утре ќе биде 40,2 степени, додека од понеделник температурата ќе биде над 44 степени. За петок и сабота прогнозата е максималната температура во главниот град да достигне до 42,9 Целзиусови степени.