среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Уставниот суд оцени дека Ѓукановиќ не го прекршил Уставот

Уставниот суд оцени дека Ѓукановиќ не го прекршил Уставот

Уставниот суд на Црна Гора денеска утврди дека претседателот на државата Мило Ѓукановиќ не го прекршил Уставот кога го коментирал устоличувањето на митрополитот црногорски и приморски Јоаникиј во Цетиње во август минатата година.

– Уставниот суд на Црна Гора, во состав: претседателот на судот Будимир Шќепановиќ и судиите – Милорад Гогиќ, Миодраг Иличковиќ и Десанка Лопичиќ на седницата од 4 февруари 2022 година, по предметот У-IV бр. 1/21, според предлогот за поведување постапка дали претседателот на Црна Гора го прекршил Уставот, не го донел Решението бидејќи Предлог-решението на судијата известител не го добило потребното мнозинство (1:3) – беше соопштено од тој суд.

Како кршење на Уставот, парламентарното мнозинство ги наведе двете изјави на Ѓукановиќ од 28 август минатата година во Цетиње, во кои тој сугерирал СПЦ да го устоличи митрополитот Јоаники ван Цетиње и кога тој најавил дека ќе биде во Цетиње на 5 септември на денот на устоличувањето со граѓани кои се против актот.

Предлогот за поведување на постапката во врска со настаните во Цетиње на 4 и 5 септември го поднесе Собранието, а на предлог на Социјалистичката народна партија.