четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Ужас во Црна Гора: Маж сексуално вознемирувал 13 годишно девојче- полицијата не открива повеќе детали

Ужас во Црна Гора: Маж сексуално вознемирувал 13 годишно девојче- полицијата не открива повеќе детали

Црногорската полиција го уапси К.Р. поради сомнение дека имал недозволени полови дејствија со 13 годишно девојче, пишува „Вијести“.

-Осомничениот е лишен од слобода вчера, после оперативните сознанија на полициските службеници дека извршил кривично дело и после мерките и работите кои следеле за идентификација на двете лица- и осомничениот и оштетената. Спроведена е криминалистичка обработка на основ на која има сомнежи дека К.Р., 13 годишно девојче било сексуално вознемирувано и допирано по телото, соопштија од црногорската полиција.

Од девојчето е земена изјава, во присуство на службеник од Центарот за социјална работа и родителите.

Осомничениот К.Р., со кривичната пријава, е и приведен до надлежен обвинител, поради основано сомнение дека го направил наведеното кривично дело.

-Со цел заштита на идентитетот и интегритетот на личноста оштетена во овој случај, бидејќи се работи за малолетно девојче, ни овој пат нема да соопштиме други детали, како што се градот во кој се случило ова, годините и живеалиштето на осомничениот, иницијалите на оштетената малолетничка, ниту останатите податоци на основ на кои евентуално малолетната жртва би можела да биде препознаена, наведуваат од полицијата.