четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Ужас во Словенија: Син со нож ја убил мајка си на спиење, а татко си го ранил

Ужас во Словенија: Син со нож ја убил мајка си на спиење, а татко си го ранил

Словенија и регионот се шокирани од случајот на семејно насилство во кој 36-годишен зависник уби 56-годишна мајка со нож додека спиела и си го ранил 60-годишен татко во неделата.

Злосторството се случило во неделата во раните утрински часови во населбата Залог во областа Целје. Како што изјавил Милан Вогринец, началникот на Одделот за криминалистичка полиција во Целје, во понеделникот на прес-конференција, според досега собраните информации, 36-годишникот, кој вообичаено не живеел со своите родители, спиел во куќата на неговите родители ноќта пред убиството.

Утрото ја убил својата мајка со нож и тешко го ранил својот татко, кој бил пренесен во болницата и во моментов се наоѓа во стабилна состојба. Сторителот побегнал од куќата по нападот врз неговите родители, но полицијата го открила во близина кој не дал отпор при апсењето.,

Полицијата објави дека синот и бил познат на полицијата, бил пријавуван за злоупотреба на дрога и насилство, но дека претходно не бил пријавуван за семејно насилство. Мотивот за неговото дело се уште не е познат и полицијата продолжува со истрагата.

Според некои медиуми, осомничениот се лекувал од зависност во земјата и странство, а тој наводно се вратил од комуна непосредно пред злосторството.