четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Вашингтон ја потврди својата поддршка за Украина по руските „страшни напади“

Вашингтон ја потврди својата поддршка за Украина по руските „страшни напади“

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека разговарал со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и ја потврдил поддршката на САД за Украина по „страшните напади“ од Русија.

„Ќе продолжиме да обезбедуваме непоколеблива економска, хуманитарна и безбедносна помош за Украина да може да се брани и да се грижи за својот народ“, напиша Блинкен во објавата на Твитер.