Маж во алкохолизирана состојба направил сообраќајна несреќа во Нови Сад кога со автомобил се забил во паркирани возила.
Два автомобили се оштетени, а медиумите пишуваат дека е чудо што никој не е повреден. Инцидентот се случил во населбата Мишелук.
Снимката од несреќата на која се гледа како луѓе во последен момент успеваат да го избегнат возилото кое иде кон нив е објавен на социјалните мрежи.
Порталот „НСуживо“ пишува дека возачот имал 1,4 промили алкохол во крвта по што е лишен од слобода.