Во Албанија е отпечатена брушура за Ковид-19 и на македонски јазик во која се содржани сите потребни информации кои треба да се знаат за болеста и превенцијата од неа.
Ја издава Институтот за јавно здравје во соработка со Министерството за здравство и социјална заштита, владиниот комитет за малцинства и комесарот против дискриминација, со финансиска подршка на Европската унија и Советот на Европа.
Тоа, како што стои во објавата на канцеларијата на Советот на Европа во Тирана, поради тешката состојба предизвикана со појавата на Ковид-19 која е „уште потешка за припадниците на националните малцинства кои се соочуваат со јазична бариера кога станува збор за пандемијата“.
– Бидејќи владите се одговорни за обезбедување информации неопходни за заштита и промоција на правата, вклучително и правото на здравје, неопходно е пристап до информации и на јазиците на малцинствата околу заштитните мерки и случувањата поврзани со ризиците од ширењето на Ковид-19. Како одговор на оваа неопходна потреба во рамки на проектот „Промоција на диверзитетот и рамноправноста во Албанија“ објавена е и оваа брошура, се наведува во објавата.
Брошурата „Информации за вирусот Ковид-19“ отпечатена е и на јазиците на други малцинства во Албанија.