Во Албанија во просек 80 наставници и 40 ученици дневно отсуствуваат поради Ковид-19, потврди Генералниот директорат за основно и средно обрзование.
Според истот извор во првите две недели од почетокот на наставата во новата 2020/2021година, отсуствувале најмалку 5.000 ученици.
Учебната година во Албанија на 14 септември почна за 430.00 основци и средношколци, од нив над 31.000 првачиња. Наставата се одвива комбинирано, една недела со физичко присуство, една недела онлајн. Во 1.097 училишта се одвива во една смена, во 472 училишта во две и во 183 училишта во три смени. Наставниот час трае 30 минути а во училница има до 20 ученици.
Во земјата и понатаму бројот на новозаразени со опасниот вирус е троцифрен. Во последнте 24 часа регистрирани се 158 нови случаи а починаа три лица.
Во поседните десет дена во просек на ден бројот на новозразени бил 145,5 случаи, додека неделната инциденца е 35,6 случаи на милион жители. (МИА)