среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Албанија приближно секој втор тестиран позитивен на Ковид, доминира БА5

Во Албанија приближно секој втор тестиран позитивен на Ковид, доминира БА5

Во Албанија бројот на нови случаи со Ковид-19 бележи раст и во последното деноноќие, кога речиси секој втор тестиран е позитивен, јави дописничката на МИА од Тирана.

Според Министерството за здравство, направени се 3.353 тестови,  при што вирусот е потврден кај 1.563 или 46,6 отсто од тестираните.

-Оваа ситуација доаѓа како дериват на новата подваријанта на Омикрон, БА5, која во моментов во Европа е присутна кај 64 отсто од случаите и тие се зголемуваат, заземајќи го местото на БА2 кое моментално е 18 и БА4 со 14 отсто од заразените, но БА5 ја презема доминацијата, изјави познатиот епидемиолог  Илир Алимехмети.

Тој оцени дека засега нема место за паника, „иако секој втор тестиран е позитивен”, зашто бројот на заразени на кои им е неопходен болнички третман се уште е мал.

Според официјалната статистика, активни на болеста се 7.063 лица, од нив хоспитализирани се 30, поголемиот број невакцинирани или со примена само на една доза од антиковид вакцина.  (МИА)