Управата за инспекциски работи (УИП) во Црна Гора извршила над 9.000 контроли во текот на летната туристичка сезона, при што е откриено дека 30 отсто од бизнисмените работат незаконски или полулегално. Освен што инспекторите донеле 168 решенија за забрана за вршење дејност, издале и прекршочни пријави во вредност од речиси 1,4 милиони евра, се наведува во Информацијата за работењето на УИП во летната туристичка сезона, која ја разгледуваше Владата, пренесува Мина.
УИП контролирала 17.000 вработени и издала 254.310 евра прекршочни налози бидејќи меѓу другото биле затекнати 399 работници на црно. Станува збор за нерегистрирани 79 домашни и 320 странски државјани, а 53 од нив се воведени во легален бизнис по интервенција на увидот.
При контрола на плажи евидентирани се десет што оперираат без одобрение, две плажи во Будва и Котор, една во Тиват и пет во Херцег Нови.
Неправилности се констатирани и во работењето на хотелите и угостителските објекти, а затворени се 11 продавници, најмногу поради работа во недела. Во заклучокот се наведува и дека по превентивни мерки и укажувања на неправилности во контролните прегледи, 80 до 90 отсто од случаите биле законски во предвидениот рок. (МИА)