недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Во Хрватска 41,2 отсто повеќе заразени од минатата недела

Во Хрватска 41,2 отсто повеќе заразени од минатата недела

Во првите пет дена од оваа недела, бројот на новозаразени лица во Хрватска се зголеми за 41,2 отсто во споредба со истиот период минатата година, изјави денеска директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак.

Тој на прес-конференција рече дека Хрватска на листата на земји од ЕУ е на 13. место според бројот на новозаразени и на 18. место според смртноста од последиците на коронавирусот.

Според последниот пресек од епидемиолошката состојба во Хрватска, во еден ден починале 29 пациенти, а 2.362 биле заразени.