Во последните 24 часа се регистрирани 529 нови случаи на коронавирус во Косово, додека 12 пациенти починале како резултат на инфекцијата, објави Институтот за јавно здравје во Приштина.
Како што беше објавено на Фејсбук страницата на Институтот, последниот ден биле тестирани 4.413 лица.