вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Во повеќе бугарски градови се одржаа мирни протести за поддршка на Украина

Во повеќе бугарски градови се одржаа мирни протести за поддршка на Украина

Најмалку 20.000 луѓе се собраа вечерва на Плоштадот на независноста во Софија на марш за поддршка на Украина, јави дописникот на МИА од Софија.

Присутните носеа знамиња на Бугарија, Украина и извикуваа „Слава на Украина“.

Учесниците носеа фотографии од руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, на кои пишуваше „персона нон грата“. Тие ги вклучија светилките на мобилните телефони за поддршка на Украина.

Маршот беше организиран по повикот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој побара граѓаните на европските престолнини да излезат на мирен марш за поддршка на Украина.

Мирните протести во Софија и во неколку други поголеми градови во Бугарија беа организирани од социјалните мрежи. (МИА)