Вакцинацијата против Ковид-19 во Република Албанија започна денеска околу 15:00 часот, а меѓу првите се вакцинираше и премиерот Еди Рама.
Албанскиот премиер претходно најави дека ќе се вакцинира меѓу првите, а во знак на сенсибилизација за сите скептици.
-Ќе се вакцинирам, можеби преку ред, зашто прво со оваа имунизација планирано е да се опфатат здравствените работници, но тоа ќе го сторам во знак на сенсибилизација за сите скептици. Секако дека тоа ќе го сторам само за да дадам јасна порака дека не само што е безбедно, туку и е оружје за уништување на овој невидлив непријател. Министерката Манастирлиу како и сите други ќе чекаат ред, зашто не може да влезат и да го земат она што им припаѓа на лекарите, медицинските сестри, полицајците, рече Рама.