понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Возачот извлечен од кабината во која висеше над реката Морава

Возачот извлечен од кабината во која висеше над реката Морава

Возачот на камионот кој висеше над реката Морава во Србија безбедно е извлечен од кабината, без повреди, но е хоспитализиран во најблиската болница заради превентивни прегледи и претрпениот стрес.

Возачот изгубил контрола над камионот поради замрзнатиот автопат и ја пробил оградата на мостот над реката Велика Морава, во реонот меѓу Ќуприја и Јагодина.

Цели три часа висеше над реката заробен во возачката кабина. Сега ќе се извлекува камионот, но постои опасност тој да се урне во реката.

На овој линк погледнете како изгледаше оваа драматична ситуација.