четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

За 13 проценти е намален бројот на невработени во Црна Гора

За 13 проценти е намален бројот на невработени во Црна Гора

Според евиденцијата на Агенцијата за вработување на Црна Гора, во јули годинава имало 5.739 невработени лица помалку отколку во јули 2022 година. Ова го соопшти црногорскиот министер за економски развој и туризам, Горан Ѓуровиќ.

„Бројот на невработени во јули 2022 година беше 44.472, а во јули 2023 година 38.733. Намалување на бројот на невработени за 13 проценти. Црна Гора го може тоа“, напиша Ѓуровиќ на Твитер.