Австралиските власти денеска ги проширија мерките за затворање и физичко дистанцирање во поголемиот дел од земјата, а четири големи градови веќе се под строг карантин поради ширењето на заразната Делта варијанта на коронавирусот.
Речиси секој втор Австралиец мора да остане дома, а милиони други се подложени на ограничување на движењето и задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на инфицирани со Ковид-19 на повеќе локации. Повеќе од пет милиони жители на Сиднеј и околината се наоѓаат во двонеделен карантин до 9 јули, а државата Нов Јужен Велс денеска пријави 22 нови локално пренесени случаи, сите поврзани со претходни инфекции.
– Нов Јужен Велс покажува стабилна стапка на случаи во оваа фаза … но, до денеска не се реализираа нашите стравови од огромна ескалација и сакаме да остане така, изјави премиерката Гледис Береџиклијан.
Жителите на Сиднеј, Перт, Бризбен и Дарвин се ставени во карантин.
Земјата пријави 30.550 заразени и 910 смртни случаи од почетокот на пандемијата.
Сепак, помалку од 5 проценти од возрасната популација од 20 милиони луѓе се целосно вакцинирани, што предизвика критики за бавната национална програма за вакцинирање. (МИА)