Во изминатото деноноќие во Бразил се регистрирани најголем број новозаболени од коронавирус во последните два месеци.
Бразилското Министерство за здравство соопшти дека се потврдени нови 80.508 случаи на Ковид-19, што е највисок дневен биланс од 7 јануари.
Од коронавирус починале уште 1.086 лица, а од почеток на епидемијата во Бразил вкупно заболени се 11.019.344 лица, додека починале над 265.000 луѓе.