понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американската армија во тишина се подготвува за војна: Ако нѐ прашате дали сме подготвени за борба уште денес – одговорот е да!

Американската армија во тишина се подготвува за војна: Ако нѐ прашате дали сме подготвени за борба уште денес – одговорот е да!

Американската армија веќе започна тивко да се подготвува за војна, нешто за што се надеваат дека сепак на крајот никогаш нема да започне.

Минатиот месец во воената база Форт Браг во Северна Каролина, започна големата воена вежба на пешадијата, но и тешката воена опрема и артилериската единица. Два дена после тоа, на небото над Невада, 119 војници скокнаа со падобранци од авионите како дел од симулираната воена инвазија на друга држава.

Исто така, американската армија во воените бази во САД, стави илјадници војници во резерва кои што ќе вежбаат поставување на таканаречени мобилизациски центри кои што итно се преместуваат во странство при воена инвазија.

Пентагон сега размислува да испрати дополнителни трупи на Корејскиот полуостров, поточно во Јужна Кореја, како дел од тоа што некои аналитичари го рекоа – дека би можело да биде почеток на формирањето на тимови слични на оние кои што се борат во Сирија и Ирак. Други пак тврдат дека станува збор за план строго поврзан со борба против тероризмот.

Кога станува збор за американската армија, каде што планирањето на непредвидливот е вградено во психата на секој војник, таквите потези се дел од стандардната процедура. Но, опсегот и времето на тие вежби укажува на тоа дека војската веројатно се подготвува за можна војна, најверојатно со Северна Кореја.

Во септември минатата година, Доналд Трамп се закани пред Обединетите нации дека ако има потреба, Северна Кореја ќе биде тотално уништена. Иако подоцна во периодот што следуваше таквата реторика се ублажи, сепак неодамнешниот аларм за напад со балистичка ракета кој што се огласи на Хаваи и кој подоцна се покажа дека е грешка, доволно кажува дека Американците сепак стравуваат од напад на Северна Кореја.

На состанокот одржан на 2-ри јануари, генералот Тони Томас, прв човек на специјалните единици во Тампа, предупреди дека веројатно голем дел од американските војници на Блискиот исток ќе бидат префрлени на Корејскиот полуостров, а такво нешто може да се очекува во мај или јуни доколку се зголема тензиите. Сепак, таквата одлука се уште не е донесена.

Експертите предупредуваат дека преселувањето на војската на Корејскиот полуостров нема да биде масивна, па така нема да изгледа како да е донесена одлука за започнување на војна. Но, сепак Пентагон не би можеле без никакви предупредувања да започнат некаква воена акција на Корејскиот полуостров, посебно затоа што досега нема предупредувања за американските граѓани кога станува збор за патувањата во Јужна Кореја и Јапонија.

Големата вежба која што беше одржана во Невада, се фокусираше повеќе на подземни операции, вежби во хемиски контаминирано опкружување, а сето тоа би можело да се случи доколку дојде до војна токму со Северна Кореја.

„Ако нѐ прашате дали сме подготвени да се бориме вечерва – одговорот е да. Воздушните сили на САД се подготвени доколку тоа биде побарано од нив“, изјави генерал Ноуланд.