За неколку области на Италија издадено е предупредување за екстремни временски услови, откако многу делови од земјата се погодени од студеното време, обилни дождови, дожд и силен ветер, јави италијанската агенција АНСА.
Во регионите Марке и дел од Емилија Ромања, службата за цивилна заштита издаде портокалова тревога за опасно време, што е последно ниво пред максималното ниво на опасност – црвен код – што означува дека постои опасност за луѓето и нивните имоти.
За регионите Абруцо, Базиликата, Кампанија, Умбрија и остатокот од Емилија-Ромања се со жолт код.
Во јужниот град Потенца и некои области на северните провинции Модена и Римини, училиштата денеска останаа затворени поради лошите временски услови.
Кон крајот на минатата недела во Милано беше пронајден мртов бездомник, за кој се верува дека починал од смрзнатини.