среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АстраЗенека најавува нов лек против коронавирус

АстраЗенека најавува нов лек против коронавирус

Експериментален лек на компанијата АстраЗенека, коктел на антитела против коронавирус, успешно спречува тешки форми на инфекции и смртен исход кај хоспитализирани пациенти.

Ова го покажале резултатите од студијата во завршната фаза, соопшти компанијата.

Лекот наречен AZD7442, го намалува ризикот од развивање на тешки форми на инфекција и смртен исход кај 50 проценти од пациентите со симптоми на Ковид-19 на седум дена или помалку, пренесува Ројтерс.

-Рана интервенција на антитела може значајно да го намали прогресот на тешки форми со континуирана заштита подолга од шест месеци, потврди Мене Пандалос, извршен потпретседател на биофармацеутика, истражување и развој во компанијата АстраЗенека.

АстраЗенека развива и коктел лекови за терапија кај заболените кои немаат доволно силен имунолошки одговор, а се вакцинирани против коронавирус.