петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Авторот на најтрогателната слика од Турција откри што му кажал неутешниот татко: „Снимај го моето дете, светот нека ја види тагата на оваа земја“

Авторот на најтрогателната слика од Турција откри што му кажал неутешниот татко: „Снимај го моето дете, светот нека ја види тагата на оваа земја“

Таткото сакаше светот да ја види неговата и тагата на неговата земја. И светот ја виде. Фотографијата на АФП се појави на насловните страници на светските весници.

Тоа беше момент кој ја опишува неиздржливата болка од земјотресот во Турција: татко ја држи за рака својата петнаесетгодишна ќерка, единственото нешто што се гледа на нејзиното тело згмечено од бетон.

Месут Ханчер седел сам на купот скршени цикли и бетонски блокови што некогаш беа негов дом, несвесен за светот и обземен од тага. Почина неговата ќерка Ирмак. Но, тој одбил да ја пушти, галејќи ги прстите кои се гледале од душекот на кој спиела девојката кога се случил првиот земјотрес пред зори во понеделникот.

Немаше спасувачки екипи. Преживеаните избезумени го пробиле патот низ урнатините за да ги најдат своите најблиски. Било предоцна за Ирмак, една од речиси 21.000 загинати во најсилниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија во изминатиот век.

Искусниот фотограф на АФП, Адем Алтан, кој побрзал на местото на настанот од Анкара, не можел да го тргне погледот од неподвижниот татко кој немо тагувал. Тој го насочил фотоапаратот кон Ханчер на далечина од 60 метри. Тоа бил чувствителен момент. Но, наместо можеби да го избрка, таткото го поканил фотографот во својот дом.

-Сними го моето дете, му рекол со тивок растреперен глас.

Таткото сакал светот да ја види неговата и тагата на неговата земја. И светот ја виде. Фотографијата на АФП се појави на насловните страници на весниците ширум светот, вклучувајќи ги и Фајненшл Тајмс и Волстрит журнал.

-Додека снимав, постојано си велев „колку голема болка е тоа“. Не можев да се сопрам од плачење. Останав без зборови, изјави Алтан. Го прашал како се вика и како се вика ќерка му.

-Тешко му беше да зборува, па не можев премногу да разговарам со него, рече Алтан.

Алтан не можел да поставува прашања. Тишината била неопходна за да се слушне дали има преживеани под урнатините кои бараат помош. Со 40 годишно искуство,  Алтан знаел дека оваа фотографија ја претставува болката на Турција. Но, неговото глобално влијание го изненади. Споделена е стотици илјади пати на Интернет. Алтан доби илјадници пораки од луѓе ширум светот кои сакаат да понудат поддршка.

-Многумина ми кажаа дека никогаш нема да ја заборават оваа слика, рече тој.