Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска во Рим се сретна со папата Франциск.
– Ми беше чест денеска повторно да се сретнам со папата Франциск во Ватикан. Му се заблагодарив на Неговата Светост за неговото застапување за сиромашните во светот и оние кои страдаат од глад, конфликти и прогонство, и го пофалив неговото лидерство во борбата против климатската криза и ставање крај на пандемијата, напиша Бајден на Твитер.
Средбата со папата траела невообичаено долго, околу еден час и 15 минути.
Бајден по состанокот изјави дека папата Франциск му рекол оти треба да продолжи да се причестува, а на прашањето дали се разговарало за абортус, американскиот претседател одговори дека папата му рекол дека е среќен што е добар католик.