вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

БИЗАРНА СМРТ НА ПЛАЖА: Силен ветер подигнал чадор од песок, се забил во градниот кош на жена

БИЗАРНА СМРТ НА ПЛАЖА: Силен ветер подигнал чадор од песок, се забил во градниот кош на жена

Жена во Јужна Каролина починала по повреди кои ги добила на плажа откако силен ветер подигнал од песокот чадор кој завршил во нејзиниот граден кош.

Тами Перо била на плажата Гарден Сити кога чадорот се откачил и паднал на неа. Медицински лица кои биле на плажата, но не биле на должност и пружиле прва помош до доаѓањето на Итната помош.

Жената, за жал, починала околу еден час по хоспитализација во болницата како последица од повредите на градниот кош.

Повредите со фатални последици од чадори не се невообичаени. Шилестиот крај на чадорите може да биде смртоносен доколку се откачи поради силен ветер, соопшти американската Комисија за безбедност на производите.

Федералната агенција пак, проценува дека вакви повреди годишно доживуваат околу 3.000 лица.