понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Борис Џонсон најави построги мерки: Состојбата ќе се влошува

Борис Џонсон најави построги мерки: Состојбата ќе се влошува

Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика Британците да остнат во своите домови и најави построги мерки во борбата против Ковид-19.

„Важно ми е да бидам искрен со вас – знаеме дека состојбата ќе се влошува пред да стане подобро“, напиша Џонсон во писмо коешто го објави Даунинг Стрит.

Писмото ќе го добијат 30 милиони домаќинства оваа недела.

„Ги презедовме правилните подготовки и колку повеќе ќе ги следиме правилата, толку помалку животи ќе изгубиме и толку побрзо ќе се вратат нашите животи во нормала“, истакна Џонсон.

Во овој момент на национална криза, ве повикувам и ве олам, останете во своите домови, заштитете го државниот здравствен систем и сочувајте животи, додава Џонсон во писмото.

Останувањето домате и строги правила за социјална далечина мора да се следат, предупреди Џонсон, кој самиот е заразен со коронавирус.

„Овие правила мора да се почитуваат. Ако луѓето ги прекршат, полицијата ќе ги казни и растера собирите во групи“, додаде тој.

Бројот на смртни случаи од коронавирусижот во Велика Британија се зголеми на повеќе од 1.000 а заразени се повеќе од 17.000.

Велика Британија ги одложи мерките за социјална оддалеченост на земјата во запирањето на коронавирусот до минатата недела.

Во петокот, и Џонсон и министерот за здравство Мет Ханкок објавија дека се заразени со Ковид-19. Инфициран е и принцот Чарлс, наследник на британскиот престол.

Џонсон (55) изјави дека има благи симптоми, вклучувајќи треска и постојано кашлање. Тој е во изолација и работи од дома.