четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Борис Џонсон во самоизолација по контакт со лице заразено со коронавирус

Борис Џонсон во самоизолација по контакт со лице заразено со коронавирус

Британскиот премиер Борис Џонсон е во самоизолација по контакт со лице кое имало позитивен тест за коронавирус, изјави портпаролот на кабинетот, пренесува Би Би Си.

– Тој ќе продолжи да работи од неговата канцеларија на Даунинг стрит, вклучително и на стратегијата на владата против пандемијата на коронавирусот, додаде портпаролот.

Џонсон беше хоспитализиран со коронавирус во април.

– Овој пат, „премиерот е добро и нема симптоми на Ковид-19, рече портпаролот.