среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 74 милиони

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 74 милиони

Бројот на заразени со коронавирус во светот денеска надмина 74 милиони, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на „Ворлдметерс“

Од почетокот на павидемијата, коронавирус е дијагностициран кај 74.006,646 лица.
Досега 1.645.774 лица починаа од последиците на Ковид-19..

Оздравеле 51.980,612 луѓе, а во моментов има 20.380, 260 активни случаи ширум светот.

Најголем број на заразени лица, 17,15 милиони, сè уште има во САД, која е на првото место и според бројот на починати, со над 300 000 смртни случаи. Следува Индија со 9,93 милиони заразени и 144 000 мртви, и Бразил со 6,97 милиони заразени и 182 000 мртви. (МИА)