среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бројот на заразени со коронавирусот во светот се доближува до 71 милион

Бројот на заразени со коронавирусот во светот се доближува до 71 милион

Бројот на луѓе заразени со коронавирусот во светот денеска надмина 70 милиони и се доближува до 71 милион, покажуваат податоците на интернет страницата Ворлдометерс (worldometers.info).

Во овој момент, 70.785.244 луѓе се разболеле, 1.589.732 починале, додека 49,2 милиони закрепнале.

Бројот на пациенти кои имаат полесна форма на коронавирусот е 19,8 милиони или 99,5 проценти, додека бројот на пациенти во сериозна состојба е 106.676, или 0,5 проценти.

Најмногу заразени имаат САД, повеќе од 16 милиони, следува Индија со 9,7 милиони и Бразил со 6,7 милиони луѓе заразени со коронавирусот.