Aмериканскиот Центар за контрола и превенција на болести во понеделникот додаде уште една дестинација во категоријата високо ризични места за патување – и повторно е место коа се наоѓа на Индискиот океан.
На нивото 4 се искачи Мадагаскар. Југоисточниот дел на Африка е познат по уникатниот див свет, вклучувајќи лемури и поради тоа што е четврти по големина остров во свет.
Минатата недела, многу помалата островска држава Маурициус во Индискиот Океан беше единствената дестинација додадена на Ниво 4. Таа остана на ниво 4 и оваа недела.
ЦДЦ поставува дестинација на ризик „Ниво 4: Ковид-19 многу висок ризик“ кога се регистрирани повеќе од 500 случаи на 100.000 жители во изминатите 28 дена. Мадагаскар престојуваше на „Ниво 3: Висок ковид-19 ризик“ минатата недела.
Повеќе од 120 дестинации во светот моментално се наоѓаат на Ниво 4. Како што бројот на места со „многу голем ризик“ опаѓа откако достигна околу 140 во Февруари, се уште постојат места на Ниво 4 повеќе отколку во другите категории.
Да резимираме – новот дополнување на Ниво 4 на 21 март е Мадагаскар.
Советите на ЦДЦ се да се избегнуваат патувања на државите кои се наоѓаат на Ниво 4. Праговите за ЦДЦ за известувања за здравствени патувања се засноваат првенствено на бројот на случаи на Ковид-19 во дестинација. ЦДЦ не ги вклучува Соединетите Држави во својата листа на совети, но тие беа шифрирани во боја на Ниво 4 на 21 март на картата на агенцијата за нивоа на ризик од патување.
Туристичките фаворити заглавени на Ниво 4 се Аруба, Бразил, Канада, Египет, Франција, Грција, Перу и Шпанија. Обединетото Кралство е таму од јули 2021 година.
Можете да ги видите нивоата на ризик на ЦДЦ за која било глобална дестинација на страницата со препораки за патување. Во поширокото патничко упатство, ЦДЦ препорача да се избегнуваат сите меѓународни патувања додека не бидете целосно вакцинирани.