Во Кина е детектиран нов сој на коронавирусот. Истражувачите, од кои повеќето потекнуваат од Универзитетот во Вухан, „неочекувано открија“ дека сојот NeoKoV откриен во Јужна Африка и неговиот „близок роднина“ PDF-2180-CoV „може ефикасно да користи некој тип на ензим 2 кој го конвертира ангиотензинот на лилјаците (ACE2) и човечки ACE2 за влез“, пренесува „RT“.
Научниците предупредија на „потенцијална закана за биосигурноста“ од новиот сој, кој може да се пренесе од животни на луѓе.
Порталот „biorxiv“, пишува дека инфекцијата со сој кој сега ги таргетира лилјаците „не може да биде вкрстено неутрализирана со антитела кои го таргетираат SARS-KoV-2 или MERS-KoV“.
Коронавирусот прв пат се појави во Вухан во Кина пред повеќе од две години. Во светот подоцна се појавија различни соеви кои станаа доминантни. Нови соеви скоро беа откриени во Јапонија и Франција. Претходно, и во други европски земји беа детектирани соеви на коронавирусот.