четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Доаѓа вториот бран на епидемијата

Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денес дека втор бран на епидемијата на коронавирус пристигнува во Велика Британија.

Во говорот што го одржа во центарот за производство на вакцини што во моментов се гради во близина на Оксфорд, Џонсон рече дека втор бран на епидемијата е забележан во Франција, Шпанија и низ цела Европа и дека се плаши дека е апсолутно неизбежно тоа да се случи и во Велика Британија.

Официјалните податоци објавени вчера покажуваат дека во периодот помеѓу 4 и 10 септември, во Велика Британија во просек имало 6.000 нови случаи на зараза на ден, што е скоро двојно повеќе од претходната недела, пишува АП.

Во Англија, наскоро ќе бидат воведени дополнителни ограничувања на собири и други активности во неколку региони во земјата. Се погласни се шпекулациите дека Велика Британија би можела да воведе мерки карантин во следните неколку недели, делумно поради недоволниот број на тестови.

Во Велика Британија досега од ковид-19 се инфицирани 385.936 лица, а 41.732 пациенти починале како последица на ковид-19.