И покрај евидентниот успех во вакцинацијата Велика Британија се уште не знае колку ќе биде силна нејзината одбрана од следните бранови на коронавирусот, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.
-Спроведувањето на вакцинацијата беше многу импресивно благодарение на сите што имаат удел во тоа, но она што не го знаеме е колку се точни сега нашите тврдини, колку е силна нашата одбрана од вториот бран, предупреди Џонсон на прес-конференција, пренесоа британските медиуми.
Британскиот премиер кажа и дека се надева дека Англија нема да мора да воведе нова блокада, под услов јавноста да ги почитува правилата и вакцините против коронавирусот да продолжат да бидат ефикасни.
-Се надевам, во моментот не гледам ништо во податоците што би довело до тоа да се отстапи од акцискиот план, но мора да останеме понизни пред природата и мора да бидеме подготвени да сториме се што е потребно за да ја заштитиме британската јавност, рече Џонсон.