Израел од 21 февруари ќе почне да ги укинува ограничувањата против коронавирус, но само за вакцинирани и оние кои го биле излекувани од Ковид-19, соопшти Министерството за туризам на земјата.
Само носителите на „зелени пасоши“ ќе имаат дозвола да посетуваат спортски сали, базени, фитнес клубови, хотели (без ресторани), културни објекти и настани. Овој документ ќе биде потребен и за одмор на Мртво Море.
– Израел е првата земја во светот што воведе „зелен пасош“ за да ги охрабри луѓето да се вакцинираат. Од темпото и резултатите од вакцинацијата наскоро можеме да примаме туристи од целиот свет без да стравуваме за здравјето на нашите граѓани и патници, рече Владимир Шклар, директор на рускиот оддел на израелското Министерство за туризам, цитиран од РИА Новости.
Од 22 февруари продавниците, трговските центри, музеите и библиотеките ќе бидат отворени за сите граѓани. Тие ќе работат во согласност со стандардите што предвидуваат почитување на физичкото растојание, задолжително носење маски и прием на ограничен број посетители. (МИА)