недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Експлозија во рудник во Кина, најмалку 15 загинати

ФОТО: Експлозија во рудник во Кина, најмалку 15 загинати

Најмалку 15 лица загинаа, а девет се повредени во експлозија на гас во рудник за јаглен на северот од Кина, соопштија официјалните лица.

Експлозијата се случила вчера во попладневните часови по локално време, а акцијата за спасување рано утринава е прекината.

Според информациите 11 рудари успеале да се спасат и да поминат без повреди.

Причината за експлозијата засега не е позната.