петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Воз излета од шини во Холандија, има повредени

ФОТО: Воз излета од шини во Холандија, има повредени

Неколку лица се тешко повредени кога воз излета од шини во Холандија рано утринава.

Патничкиот воз излетал од шините откако удри во градежна опрема на шини меѓу Хаг и Лајден во провинцијата Јужна Холандија.

Првиот вагон излетал од шините, вториот се превртел на едната страна, а третиот се запалил.

Во возот патувале околу 50 луѓе.

Засега не е јасно како градежната опрема завршила на шините кај селото Воршотен. Железничкиот сообраќај меѓу Лајден и делови од Хаг е прекинат.