недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Француската влада повика на вакцинација против коронавирусот

Француската влада повика на вакцинација против коронавирусот

Француската влада денеска побара од граѓаните да примат дополнителни дози од вакцината против коронавирусот пред новогодишните празници и препорача носење маски во јавниот превоз.

Бидејќи епидемијата на коронавирус повторно владее во Франција, но и во соседните земји, надлежните сметаат дека е потребна дополнителна доза, бидејќи е евидентирана и епидемија на грип и на бронхитис.

Француското Министерство за здравство соопшти дека од почетокот на октомври 2,8 милиони луѓе примиле вакцина против коронавирусот, што е помалку отколку во соседните земји.

Што се однесува до грипот, во аптеките се продадени 9,9 милиони вакцини, што е намалување за пет отсто во однос на 2021 година.

Министерството потсети на превентивни мерки, како што се често миење раце, проветрување на просториите и носење маска во затворени простории, особено во јавниот превоз.

Носењето маска се препорачува, но не е задолжително.  (МИА)